Ракометарите вечерва го почнуваат настапот на СП во Египет: Да им посакаме среќа – Кире и Столе ќе ја водат подмладената Македонија

Македонските ракометари дебито на СП во Египет ќе го имаат вечерва од 20.30 часот, а ќе моземе да ги следиме преку директен пренос на МТВ…
Македонија ќе игра во групата „Г“ каде се и домаќинот Египет, силната (но десеткувана) Шведска и Чиле…
Египет се големи фаворити против нас… Чиле е силна репрезентација, но можеме да ја победиме… Шведска ќе настапи без девет силни играчи, заради коронавирусот… И покрај тоа тие се фаворити, но со оглед на фактот што од нашата група три репрезентации ќе се пласираат во следна фаза, треба да бидеме оптимисти дека престојот во Египет ќе биде малку подолг за нашата репрезентација!
14 јануари, 20:30
Македонија – Шведска
16 јануари, 19:00
Македонија – Египет
18 јануари, 16:30
Македонија – Чиле

Селекторот Данило Брестовац реши сериозно да ја подмлади репрезентацијата за светскиот шампионат во Египет, „бришејќи“ неколку имиња од списокот на патници за Каиро. Крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски ќе ги нема во црвено-жолтиот дрес во земјата на „фараоните“, исто како и голманот Борко Ристовски, кој го пропушти и квалификацискиот двомеч со Финска и со Швајцарија кон крајот на 2020 година.


Од поискусните ракометари Брестовац за лидери ги зеде капитенот Лазаров и пивотот Стојанче Стоилов, кој за разлика од Георгиевски и Манасков одговори позитивно на повикот да се приклучи на подготовките за СП во Египет.
Стручниот штаб беше задоволен од прикажаната игра на подмладената репрезентација на двомечот со Чиле во изминатата седмица, па сега голем дел од овие ракометари ќе добијат шанса и на едно големо натпреварување да го облечат репрезентативниот дрес, што сигурно ќе им биде големо искуство и за во иднина.
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва против Шведска ги почнува настапите на Светското првенство во Египет. Селекторот на селекцијата, Данило Брестовац верува дека и покрај подмладениот тим Македонија може да направи добар резултат на Мундијалот во кој влезе како замена за репрезентацијата на Чешка.


„Имаме состав кој што е во фаза на формирање, но сепак мислам дека сме доволно рамноправни да се носиме со сите репрезентации во светот, а така и со Шведска, Египет и Чиле. За нас е награда што сме на Мундијалот, но не се задоволуваме само со учество. Секако дојдовме со цел да влеземе во вториот круг, па понатаму секој натпревар ќе биде школа за овој млад тим. Шведска е одлична селекција, но нема да бидам скромен и ќе кажам дека не очекува голема битка и секако нема да се предадеме однапред, колку и да имавме мал период за подготовка“, изјави Брестовац.
И, да потсетиме, директниот пренос почнува во 20.30 часот на МТВ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Лекарите и рекле дека не може да има деца па потоа на 46. години родила тројки

Кога Џорџија Фостер имала 36 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да …