Во 38. година ненадејно починала позната актерка

Американската актерка Џесика Кембел, позната по улогите во филмот „Election“ и серијата „Freaks and Geeks“, починала ненадејно на 38-годишна возраст.
Нејзиното семејство ја потврдило оваа вест и се уште не ги откриваат причините за смртта. Според TMZ, била повикана брза помош кога актерката била пронајдена на подот од бањата, но и немало спас.


Извор близок до нејзиното семејство изјавил дека Џесика неодамна одлучила да се откаже од актерството и да се посвети на други работи.
Од неа се прости и холивудската sвезда Рис Витерспун, која глумеше заедно со неа во филмот „Election“.
„Срцето ми е скршено. Уживав кога работев со неа”, напишала Рис Витерспун на Твитер.

Џесика Кембел починала на 29 декември 2020 година, но семејството само што ги објави вестите.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Путин во повод Богојавление се нурнал во ледената вода

Рускиот претседател Владимир Путин се нурнал во ледената вода во московскиот регион по повод православниот …