ЌЕ ИЗИГРУВААТ ГОСПОД – Одлука која ја поделила и шокирала јавноста: Италијанските лекари ќе можат да бираат кому да му пружаат помош!

Италијанското Министерство за здравство било критикувано откако нацрт-новиот план за пандемија во земјата открил дека на медицинските лица ќе им биде дозволено да изберат кои пациенти ќе добиваат нега која ќе им го спаси животот.
Ова е првпат Италија да го ажурира својот план за пандемии од 2006. година. Отсуството на соодветен план се верува дека придонел за смрт од над 79.000 лица од коронавирус во Италија, според британски Гардијан.
Нацрт-копија на планот за пандемија 2021-23. година предвидува дека, иако здравствените работници се должни да обезбедат најдобра и најсоодветна грижа за пациентите, постојат околности поради кои е потребно да се одреди кого треба да се обидат да со спасат.
На страницата 25 од планот стоело: „Дисбалансот помеѓу потребите и расположивите ресурси може да резултира од усвојување на критериуми за тријажа во пристапот до терапија“, па поради тоа „оскудните ресурси може да бидат доделени за да се обезбеди потребниот преференцијален третман на оние пациенти со најголема веројатност да имаат корист“, пренесува Гардијан.

Фото: Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нова едукативна тренинг платформа на Организацијата на работодавачи на Македонија

Надградбата на знаењето и вештините на вработените е во фокусот на секој работодавач којочекува прогрес …