Славната актерка се прослави со улогата на султанија во серијата „Сулејман Величествениот“.
На 8. јануари, Меријем Узерли роди ќерка на која и го даде името – Лили Кои.
Таа објави слика на својот Инстаграм профил и во описот напиша:
„Мојата најмила Лили Кои … Лара Јемима, тато и јас сме многу среќни што можеме да ти посакаме добредојде во нашето семејство. Среќни сме и благословени што те добивме. Ние секогаш ќе те заштитиме!“, напишала Меријем.
View this post on Instagram
Сепак, познатата актерка не открива кој е татко на детето. Она што е интересно е дека има гласини дека татко на бебето е популарниот турски актер Чаглар Ертугрул. Тој остварил забележителна улога како Јагиз Егемен во серијата „Ќерки“ а никој од нив не ги потврдил или негирал овие наводи.
View this post on Instagram
Дури во петтиот месец од бременоста актерката објави дека по втор пат ќе стане мајка:
„Ако сè оди добро, ќе родам девојче во јануари. Лара веќе долго време сака брат или сестра и пресреќна сум што ќе и ја исполнам желбата“, рекла актерката.
Својата постара ќерка Лара (6) актерката ја доби со турскиот милионер Кан Атеш (56), со кого раскина на многу бурен начин. Дури и по долга борба, таа се изборила за детето, а покрај тоа, се борела и со голема психичка криза во која паднала поради напорното снимање на серијата.
View this post on Instagram
Фото: Instagram