„Поминав скоро две децении прилагодувајќи се на различни диети и страдав. Бев успешен во тоа, брзо ќе ја достигнев целта, но ќе паднев многу брзо. Не страдам повеќе, го сакам својот живот, признал актерот.
Итан Супли многумина го паметат како актер со неверојатна смисла за хумор, но и прекумерна тежина со која се борел со години, сè до неодамна.
View this post on Instagram
Американскиот телевизиски и филмски актер се прослави во сериите „Момчето го запознава светот“ и „Моето име е Ерл“ и тоа беше период кога сите го паметеа како млад човек со прекумерна тежина, но тие денови се далеку зад него, па денес некои не можат ни така лесно да го препознаат.
Имено, денес, 44-годишниот актер се посветил на поздрав начин на живот, па успеал да изгуби дури и повеќе од 110 килограми. На 24 години, тој тежел повеќе од 200 килограми и неговата тежина варираше постојано, но тоа не го спречи да работи и да добива улоги во филмови како „Генерација Х“, „Титани“ или „Волкот од Вол Стрит“, но тогаш тој одлучил дека е време за промени. Дури на крајот на 2020-та година тој стана задоволен од постигнатото.
Итан тврди дека неговиот сегашен изглед е резултат на вежбање и правилна исхрана и дека се откажал од гладување и разни диети затоа што немаат смисла и затоа што сака да ужива во своите оброци.
View this post on Instagram
„Поминав скоро две децении прилагодувајќи се на различни диети и страдав. Бев успешен во тоа, брзо ќе ја достигнев целта, но ќе паднев многу брзо. Не страдам повеќе, го сакам својот живот, признал актерот.
Фото: Instagram