(ФОТО) Еве што прави Меган Маркле за да ја сочува формата за време на „заклучувањето“

Пандемијата на коронавирусот забави или запре многумина, но не и Меган Маркл. Затворањето на фитнес центрите и спортските сали не значи дека се занемарила. Покрај тоа, фитнесот сè уште е дел од нејзината рутина.
Ројалта Фиорито, ко-водителка на подкастот на Royally Obsessed, открила кои навики и помагаат да остане во форма.
„Меган е опседната со јога и вложува многу време во медитација, во смирувачки медитативни практики“, изјавила Фиорито за Harper’s Bazaar.
Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што Дорија Рагланд, мајката на Меган Маркл, е инструктор по јога и започнала да ја запознава со оваа древна вештина уште од рана возраст.


Фиорито вели дека Маркл прави јога минимум 15. минути секој ден, а исто така вежба пилатес. Таа исто така често оди на прошетка со кучињата и трча.„Повеќе не е како порано, бидејќи со текот на годините и стана тешко да го следи тој ритам, тоа е премногу болно за нејзините колена“, додала таа.


Во нивниот дом во Монтесито Маркл, принцот Хари и нивниот 20-месечен син Арчи исто така имаат базен, теретана, сауна и игралиште со справи за момчето.


Иако многумина немаат еднакви можности, Фиорито забележува дека YouTube содржи многу бесплатни видеа што ќе ве запознаат со јогата и пилатесот, така што е лесно да се следи ритамот на една од најубавите жени во светот.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Богојавление – Охрид: Бог се јави! Навистина се јави!!

„Живи,здрави,бериќетни!! За многу години!! Традиција,вера,надеж и македонски непокор!! Браво момчиња!!“, е еден од коментарите за …