Беа толку меки кога ги купивте, но не траело долго.
Постои соодветен начин за перење пешкири што ќе ја зачува мекоста. Луси Акорид, дизајнерка на пешкири, објаснува како тие треба да се одржуваат.
„По некое време, тие ја губат мекоста што ја имаа кога само што ги купивте, а веројатно за тоа сте виновни вие и начинот на перење“, тврди Луси и нагласува дека најголемата грешка што ја прават луѓето е да стават многу крпи истовремено за перење.
Пешкирите треба да бидат сами во машината.
„Не ја преполнувајте машината за перење со пешкири. Потребен им е простор за добро перење и зачувување на мекоста. Ако ставите премногу од нив, тие само ќе се исцедат заедно, влагата ќе се акумулира и материјалот ќе стане тврд и груб“.
Покрај тоа што не треба да мперете пешкири со значително различни бои заедно, Луси вели дека не треба да се ставаат во машината за перење со други работи, како што е облеката.
Избегнувајте сушење на радијатор, тоа ќе ги направи погруби.
„Најдобро би било да ги перете на 40 степени. Сè повеќе од тоа може брзо да ги уништи. Понекогаш можете да ги ставите на 60 ° за темелно да ги отстраните сите бактерии“.