Промени на времето: Вечерва доаѓа поларниот бран со снег и минусни температури!

Метеоролозите најавуваат крај на пролетните – зимски температури и големи промени…

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кој на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд и полека ќе преминуваат во снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите повеќе ќе ги има во западните предели. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа поради спуштање на многу студена воздушна маса од север кон крајот на денов значително ќе опаѓаат. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има слаби врнежи од дожд кој полека ќе преминуваат во снег.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени. Кон крајот на денов, истата значително ќе започне да опаѓа. Потоа локални врнежи од снег ќе има и утре, особено во западните предели и во доцните попладневни и вечерни часови. Услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Особено студено ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите на воздухот на повеќе места постојано ќе бидат под нулата, наутро понекаде истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени, на повисоките места и на планините ќе биде уште постудено а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во сабота ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег. Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Лекарите и рекле дека не може да има деца па потоа на 46. години родила тројки

Кога Џорџија Фостер имала 36 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да …