(ВИДЕО+ФОТО) ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА КАРАНТИНОТ ЗА ТЕНИСЕРИТЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН: Ќе бидат заклучени по 19. часови дневно! Секоја грешка скапо ќе ги чини!

Ригорозните мерки за сузбивање на епидемијата на вирусот Ковид-19 властите во Австралија не ги ублажија, дури ниту кон најдобрите тенисери во светот, кои ќе се натпреваруваат на првиот грен слем во сезоната од 8. февруари.
Секој од играчите ќе мора да помине низ двонеделен карантин, кој на многу начини повеќе личи на затвор.
Посебен проблем се појавил затоа што организаторите на Австралија опен одлучија да ги сместат едни од најдобрите тенисери, меѓу кои Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим, Серена Вилијамс и Симона Халеп, во Аделаида, град на 730 километри од Мелбурн. Сите други играчи ќе бидат сместени во Мелбурн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australian Open (@australianopen)

Самото сместување не претставува таков проблем за најдобрите играчи. Новак и друштвото ќе престојуваат во хотел со четири ѕвезди во центарот на градот, кој се наоѓа во државата Јужна Австралија, за разлика од Мелбурн, која е во државата Викторија.
Сепак, Новак и членовите на неговиот тим ќе можат да останат надвор од хотелот најмногу пет часа. Секое прекршување на ова правило од кој било член на тимот, скапо ќе го чини Ѓоковиќ. Првата парична казна е 19.000 американски долари, проследена со други казни како што се дисквалификација од турнирот, затвор, па дури и протерување од Австралија.

Балонот во Аделаида, во кој ќе тренираат тенисери, има капацитет за најмногу 50 лица. Сите тие ќе присуствуваат на една изложба во петок, 29 јануари, а потоа ќе се упатат кон Мелбурн.

Бидејќи секоја земја во Австралија има посебни прописи поврзани со вирусот корона, не е невозможно да се преземат поригорозни мерки во случај на влошување на ситуацијата, а потоа организаторите на Австралија опен би биле во сериозни проблеми. Во пракса, може да се случи државата Викторија да ги заостри условите за влез на нејзина територија, што би претставувало проблем за играчите кои се наоѓаат на Аделаида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australian Open (@australianopen)

Оваа одлука на организаторите ги иритираше повеќето играчи кои ќе бидат сместени во Мелбурн. Организаторот најави дека очекуваат голема загуба од турнирот. Според некои проценки, Тениската асоцијација на Австралија подготвила 80. милиони долари за организацијата, а трошоците може да се зголемат на дури 120. милиони.

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Австралија Опен пред нов удар: Заразени уште двајца тенисери

Забележан е првиот сериозен напад на коронавирусот на Австралија опен, заразени се двајца играчи, потврдија …