(ФОТО) НА УЛТРАЗВУК СЕ ВИДЕЛО НЕШТО НЕОБИЧНО: Цело време биле прегрнати а на породувањето бабицата веднаш го земала телефонот за да ги слика!

Целиот свет го обиколува трогателна слика на две близначки, родени предвреме, кои на свет дошле на посебен начин.

Арија и Скајлар Морган Троден се родени со царски рез, целосно прегрнати. Фотографијата е направена од запрепастената бабица, која коментирала дека и таа и докторот останале без текст кога ги виделе во таква положба. Татковците на девојчињата Каиран Троден (25) и Рајан Морган (28) од Сари останале исто така без зборови.

Близначките ги родила сурогат мајка, а фотографиите на ултразвук покажуваат дека девојчињата постојано се гушкале и во нејзиниот стомак.
Сурогат-мајката е братучетка на Рајан Морган, која се понудила да им ја исполни желбата да станат родители, а потоа следувало уште поголемо изненадување кога дознале дека очекуваат близнаци.

Бременоста поминала добро сè додека во 20-тата недела не откриле дека девојчињата страдаат од синдром на трансфузија меѓу близнаците, па затоа стравувале дека едно девојче нема да преживее. За среќа, сепак, сè се решило со итна ласерска операција.

После тоа, тие оделе на прегледи на секои две недели, што укажувало дека сè е во ред. Девојчињата сè сепак родени 10. недели порано. Тие имале 29. недели кога започнало породувањето – тоа било на 23. ноември, а бременоста се очекувало да трае до февруари. Сепак, добра вест е дека и двете се здрави.Потоа следувала друга, мала компликација – Кајран беше позитивен на Ковид ден по раѓањето на девојчињата, па и двајцата морале да бидат во изолација.

„Бевме очајни што не можевме да бидеме со нив од самиот почеток, но персоналот беше прекрасен и не информираше за сè, ни испратија и слики“, велат двајцата.

Видео и фото: instagram.com/themorgantroddens/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Лекарите и рекле дека не може да има деца па потоа на 46. години родила тројки

Кога Џорџија Фостер имала 36 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да …