(Рецепт) Домашен мелем од само 3. состојки: Длабински ја хидрира кожата и може да спречи настанување на стрии!

Користете го овој мелем превентивно за да спречите настанок на стрии
Стриите се оштетување на сврзното ткиво што се јавува поради брзото истегнување на кожата, а може да се дефинираат и како лузни. Стриите најчесто се појавуваат на местата на телото кои се најмногу изложени на истегнување, како што се стомакот, колковите, градите и задникот.
Најчесто се јавуваат за време на бременост или поради ненадејно губење или зголемување на телесната тежина.
Овој домашен мелем може да даде задоволителни резултати ако го користите редовно. Длабоко ја хидрира кожата, а негуваната кожа е помалку подложна на овој естетски проблем. Покрај тоа, може да спречи ширење на постојните струи.


Препорачливо е да се нанесува превентивно за време на бременоста со цел да се минимизира ризикот од развој на стрии.
Потребни состојки:
1 лажица масло од пченични никулци (10 g)
1 лажица маслиново масло (25 g)
1 лажица гел од алое вера (20 g)
Подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки и потоа нанесете ги на кожата со кружни движења. Оставете кремот да стои на кожата најмалку 15 минути, а потоа избришете го со крпа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Лекарите и рекле дека не може да има деца па потоа на 46. години родила тројки

Кога Џорџија Фостер имала 36 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да …