Оние кои обично добиваат вишок килограми во текот на зимата, можат да бараат решение во конзумирање на одредени намирници.
Меѓу намирниците што помагаат во слабеењето во текот на зимата, дефинитивно е морковот. Овој зеленчук е малку калоричен и богат со растителни влакна.
Ореви и семки се добра комбинација и се одлична ужинка. Тие може да се сервираат наместо „грицки“, и тие ќе служат во процесот на здраво слабеење.
Медот активира хормони кои го потиснуваат апетитот и помагаат да се изгубат вишокот килограми.
Јајцата содржат малку калории и ве држат сити подолго време. Тие се исто така богати со витамини и минерали.
Една порција јагоди содржи 49 калории, а ова овошје е богато со витамин Ц, растителни влакна, калциум и магнезиум.
Грчко семе или семе од тилчец помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта и го забрзуваат метаболизмот.
Во 100 грама цвекло има околу 43 калории, 10 грама јаглехидрати и 0,2 грама маснотии. Цвеклото е познато по тоа што е корисно во процесот на слабеење.
Циметот го забрзува метаболизмот и слабеењето.