Македонија на СП во ракомет во Египет: Кој ќе ги брани црвено-жолтите бои и кога ќе играат нашите ракометари?

Короната сакаше Македонија да учествува на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Египет…

Ракометната репрезентација на Македонија сепак ќе учествува на Светското првенство кое од утре ќе се одржува во Египет.
Светската ракометна федерација ја постави Македонија за прва резерва, а откако денеска Чешка и официјално го откажа настапот поради премногуте позитивни случаи на коронавирус, избраниците на селекторот Данило Брестовац, сепак ќе настапат на Мундијалот во Египет.
Ракометарите беа во исчекување на оваа одлука и бидејќи го имаа статусот на прва резерва, тие се тестираа на коронавирус и резултатите беа негативни.
Македонија првиот натпревар на ракометниот Мундијал ќе го игра веќе в четврток (19 часот) против Шведска, а во групата се наоѓаат и уште селекциите на домаќинот Египет и Чиле со кого изминатата недела одигравме два контролни натпревари во Скопје.

Со кои ракометари Македонија ќе отпатува на СП во Египет?
Селекторот Данило Брестовац, по повредата на Бојан Маџовски, дополнително ги повика Димитар Димитриоски и Давор Палевски на левата крилна позиција, па во конкуренција остануваат 24 ракометари.
Доколку има потреба Брестовац може да одбере и од останатите ракометари што се наоѓаат на поширокиот список.
Во Египет, таму би требало да патуваат 20 ракометари, а чартер летот ќе биде обезбеден од египетската ракометна федерација. Во меѓувреме беа направени тестови на коронавирус кај нашите ракометари, плус комплетни лекарски прегледи кои ги бара ИХФ, па Македонија е комплетно подготвена за пат – ако добие повик.

Список на ракометари:
НИКОЛА МИТРЕВСКИ
МАРТИН ТОМОВСКИ
НИКОЛА ДАНИЛОВСКИ
БОЈАН МАЏОВСКИ
ЦВЕТАН КУЗМАНОВСКИ
МАРТИН ПОПОВСКИ
НЕНАД КОСТЕСКИ
ЖАРКО ПЕШЕВСКИ
МИХАИЛ АЛАРОВ
МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ
ФИЛИП ТАЛЕСКИ
ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ
МАРИО ТАНКОСКИ
МАРКО МИШЕВСКИ
ГОРАН КРСТЕВСКИ
КИРИЛ ЛАЗАРОВ
МАРТИН ВЕЛКОВСКИ
МАРТИН СЕРАФИМОВ
ДАРКО ГЕОРГИЕВСКИ
МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ
СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ
НИКОЛА МАРКОСКИ
ДАВОР ПАЛЕВСКИ
ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Важно известување за 17тиот Виз Ер Скопски Маратон 2021 – Сите трки на Виз Ер Скопски Маратон ќе се одржат во недела

Заради подобра организација на целиот настан организаторите на Виз Ер Скопски Маратон направија промени во …