(ВИДЕО+ФОТО) Комплекси или не: После оние „со целулит“ Џеј Ло објавила нови фотки

Една од најубавите и најсексапилните жени на светот, Џенифер Лопез, неодамна предизвика лавина коментари откако папараците ја „уловија“ во костим за капење. Иако многумина го пофалија нејзиниот изглед, имаше и такви кои сепак ги забележаа несовршеностите на нејзиното тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lynn Lopez (@jlo_loves_arod)

Имаше коментари како оние дека е „обична“ и дека ги разочарала. Џенифер вежба секој ден во теретана и има правилна и здрава исхрана, а нејзините обожаватели се согласиле дека изгледа како „секоја друга жена“.
Дека овие коментари сепак ја трогнале, покажа латино дивата објавувајќи нова фотографија во костим за капење на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа повторно позираше во костим за капење, но овој пат се чини дека фотографијата „ја дотерала“ во Фотошоп. Таа позирала без шминка, а нејзините облини доаѓаат до израз. Таа исто така ја истакнала тесната половина и тешко е да се игнорираат нејзините видливо издефинирани раце. По фотографиите со папараци, нејзините следбеници исто така напишале дека нејзините фотографии на социјалните мрежи немаат никаква врска со реалноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа се обидува да остане во форма, но не се двоуми да употребува разни „алатки“ за да изгледа беспрекорно на фотографиите на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lynn Lopez (@jlo_loves_arod)

„Прошетав низ населбата и наидов на десетина убави жени. Не знам што е привлечно за неа? Толку многу пари, а прилично просечна жена“, е само еден од коментарите на следбениците на нејзините слики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lynn Lopez (@jlo_loves_arod)

Видео и фото: instagram.com/jlo/ – instagram.com/jlo_loves_arod/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Момче (11), најмладата жртва на корона вирус во Хрватска – починал на Инфективната клиника, немал други болести!

Дошло до ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број заразени деца …