СЗО: И’ покрај вакцината оваа година нема да дојдеме до „имунитет на стадо“

СЗО верува дека оваа година, и покрај вакцината, нема да постигнеме имунитет на стадо кон коронавирусот.
Исто така, СЗО претходно објави дека меѓународен тим од нивни експерти оди во Кина за да го испита потеклото на коронавирусот.
Поради чекањето на дозволата од Пекинг, доаѓањето на десет експерти во долгоочекуваната мисија за истражување на првите инфекции веќе е одложено поради, како што тврди Кина, „недоразбирања“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by World Health Organization (@who)


Националната здравствена комисија, која го објави датумот на пристигнување на тимот на СЗО, не прецизираше план за патување.
Кина е обвинета за прикривање на епидемијата, што го одложи нејзиното навремено реагирање, дозволувајќи вирусот, кој првпат се појави во градот Вухан кон крајот на 2019 година, да се прошири.
Експертите на СЗО ќе се обидат да го откријат потеклото на вирусот и начинот на кој тој се пренесува на луѓето.

Фото: instagram.com/who/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стаса ли зимата – Какво време не очекува во наредните 5. дена?

Поради продор на студена воздушна маса преку денот ќе дува засилен северен ветер, а од …