(Рецепт) СОВРШЕН НАРОДЕН ЛЕК – Црн слез: Помага против кашлица, бактериски инфекции, воспаление на кожата, болки, чешање и сува кожа

Една од најчестите употреби на црниот слез е против болки, кога се нанесува локално врз кожата. Ако имате модринки или повреди на кожата, може да направите облога од листовите и да ја поставите врз болното место.

Слезот (Malva Sivestris) расте со височина од над 1 метар. Стеблото е округло, разгрането и влакнесто. Листовите се поставени на долгите стебленца во форма на бубрези.
Цветаат со 2-4 големи правилни цветови и се состојат од 5 бледорозови или лилакови ливчиња. Растението цвета од мај до септември. Плодот е во вид на круг кој се разградува во десет едносемени плодови. Коренот има вретенест облик, слабо разгранет и месест.
Расте во близина на населените места, запоставените земјишта, ливади, полиња, пасишта… Лековити се сите делови од растението и тоа: корењата, лисјата, цветовите. Листовите може да се берат заедно со кратките стебленца и здравите листови, а цветовите кога се целосно отворени.
Тоа се случува во текот на сувите временски услови. Семето се собира после созревањето во август и септември. Според хемискиот состав ова растение содржи витамин Ц, каротин, железо и калциум. Наоѓа медицинска примена и тоа при намалување на воспаление на дигестивниот тракт. Чајот кој се подготвува треба да биде отстоен од 5-10 часа, потоа да се исцеди и заслади со мед. Помага против кашлица, воспаление на кожата, чешање и сува кожа.

Направете облоги од црн слез и намалете ги болките
Една од најчестите употреби на црниот слез е против болки, кога се нанесува локално врз кожата. Ако имате модринки или повреди на кожата, може да направите облога од листовите и да ја поставите врз болното место. Листовите се богати со витамини и имаат анелгетско дејство, така што ја намалуваат болката и непријатноста. Овие особини го прават популарна билка која се користи во маските за лице или во кремовите против главоболки.

Црниот слез е сојузник на имуниот систем, така што превенира бактериски инфекции.
Ако ве каснал некој инсект, имате изгореници на кожата од сонцето или чешање, гелот или облогите од листовите на црниот слез може да бидат многу ефикасни за намалување на воспалението, како и побрзо заздравување на кожата. Покрај тоа, маслото од црн слез може да се нанесува на воспалени и болни зглобови.
Ако сте дел од лицата кои страдаат од несоница, направете си чај од црн слез. Тој го опушта телото и мозокот, така што ви овозможува мирен сон.
Предупредување: Постојат докази за интеракцијата помеѓу црниот слез и лековите кои се користат при дигестивни или респираторни проблеми. Пред да ја користите оваа билка како лек, консултирајте се со вашиот лекар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Четири ПРИРОДНИ состојки кои ја намалуваат видливоста на ИРИТАНТНИТЕ СТРИИ

За жал, повеќето жени не можат да избегнат стрии, поради различни животни околности, и тие …