(ВИДЕО) Го победила и Despacito: Оваа песна само што влегла во историјата

Можеби е неговиот единствен хит, но затоа има „хитиште“
Имено, раперот Lil Nas X и неговиот Old Town Road на која беше домаќин на Били Реј Сајрус официјално се искачија на тронот на најпродаваните песни во историјата на RIAA-e (Recording Industry Association of America – Здружение на дискографска индустрија на Америка).

Со овој хит, раперот од 2019. година постигна 14 пати поголем платинест тираж, отстранувајќи ги од врвот хитовите All of Me од Џон Леџенд и Despacito од Луис Фонси, Деди Јенки и Џастин Бибер.
Тој се пофалил со својот историски успех на Твитер.

Инаку, во 2019 година, песната постави рекорд во категоријата песна која најдолго остана на врвот на топ-листите на Билборд (19 недели), а потоа беше отстранета од првото место со песната Bad guy на Били Ејлиш.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Тозовац порачал од болница:„Не е дојдено моето време да си заминам од овој свет, тапкам во место да излезам!“

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац се огласил од болницата од одделот за интензивна нега, каде е …