(ВИДЕО+ФОТО) ОАЗА ЗА НУРКАЊЕ – Подводниот музеј во Турција стана вистинска туристичка атракција

Се наоѓа на дното на морето, на длабочина од 11. до 24. метри
Подводниот музеј на дното на Средоземното море е се поголема туристичка атракција во Турција, а станува збор за музеј лоциран во местото Сиде во близина на Анталија.

Првиот подводен музеј во Турција беше отворен на 31. октомври 2015. година, како дел од активностите на поморската стопанска комора ИМЕАК.
Сместен на дното на морето, на длабочина од 11. до 24. метри, во моментов музејот има 117. експонати кои говорат за богатото културно и историско наследство на Анадолија.

Музејот е оддалечен една и пол милја од брегот на Сиде, а посетителите доживуваат и адреналински предизвик затоа што нуркаат со најсовремена опрема и се придружени од лиценцирани куратори и нуркачи.
Во изминатите три години, подводниот музеј во Сиде го посетиле 50.000 луѓе, а пензионираните командоси на турската морнарица и еден од основачите на музејот, Ахмет Гулајдин, за АА изјавил дека музејот станал важна туристичка атракција за промовирање на Сиде како единствена нуркачка оаза.

 

Во изминатите три години, Подводниот музеј во Сајде го посетиле 50.000 луѓе


– Сиде е исклучително богат со подводни ресурси и атракции. Пред десет години, таму потопивме брод на крајбрежната стража. Околу пет милиони туристи доаѓаат во Сиде секоја година. На овие туристи сакавме да им понудиме нешто ново, нешто уникатно. Проектот за музејот беше поддржан од Агенцијата за развој на Западен Медитеран – рекол Гулајдин.

Скулптурите во музејот опфаќаат неколку теми кои се значајни во турската историја, вклучувајќи ја Битката кај Канакале, Мевлана и дервишските танци, Војната за независност на Турција и каравани камили кои некогаш носеле жито од Сиде во Анкара и носеле сол во Сиде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КАКО ПРЕКУ ИСХРАНАТА ДА ЈА ВРАТИТЕ ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ВО РАМНОТЕЖА: Кај хипо и хипертироидизам одбегнувајте ги ОВИЕ намирници!

За секој случај, пред да направите какви било промени во вашата исхрана, консултирајте се со …