(ФОТО) Хит призорите од завеаниот Мадрид се како од друга планета

Обилните снежни врнежи од невремето „Филомена“ ги довеле Мадрид и други делови на Шпанија во состојба на готовност, нарушувајќи го сообраќајот и принудувајќи некои региони да испраќаат трупи на расчистување на патиштата што водат кон селата.

Со прогноза за снег до 20. см за 24 часа и температури од околу 0 Целзиусови степени, југот на регионот Мадрид за прв пат беше на највисоко ниво на подготвеност од создавањето на системот во 2007. година.

Големите паркови во главниот град, вклучително и славниот Ретиро веднаш до Музејот Прадо, се затворени поради претпазливост.
Припадниците на единицата за вонредни состојби на шпанската армија помогнале во расчистување на патиштата и инфраструктурата низ целата земја, соопштило Министерството за одбрана.

Кастилја-Ла Манча, еден од трите региони во состојба на подготвеност, заедно со Мадрид и Источна Валенсија, ги затворила училиштата.

Снегот зафатил околу 280 главни патишта, соопштија властите и ги замолија граѓаните да избегнуваат патувања во вонредна состојба.
Аеродромскиот оператор Аена ги повика патниците да користат метро за да стигнат до аеродромот во Мадрид, а операторот со воз Ренфе откажал некои возења.

Ако метеоролошките прогнози се остварат, ќе има снег како во февруари 1984 година или март 1971 година.
Во средата, најниската температура досега е забележана на Пиринејскиот полуостров, со измерени минус 34 степени Целзиусови на северот на земјата.

Слаб снег паѓа во Мадрид од четвртокот.

Фото: instagram.com/madrid_best_photos/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Полицијата упаднала на илегална трка и пресретнала 45. егзотични возила

Во Хонг Конг нема шеги со силите на редот. По најавата за подготовка на друга …