Една жена по име Сара Робинс-Колж купила обичен црн фустан со долги ракави, кој решила да го носи во сите прилики и скоро никогаш да не го соблекува.
Имено, таа фустанот започнала да го носи на работа, на прошетки, низ куќата, па дури и во празнични прилики.
View this post on Instagram
Како што е соопштено, таа го прифатила предизвикот да го носи фустанот 100. дена, а толку многу и се допаднал што решила да не купува нова облека.
View this post on Instagram
„Сфатив дека носењето ист фустан не ми одзема ништо од животот. Повеќе нема да купувам нова облека, а ако ми треба нешто формално, само ќе ѕирнам во плакарот и ќе ги извадам фустаните што стојат таму од 1992. година“, рекла жената.
View this post on Instagram
Таа била меѓу 250. жени кои го прифатиле 100-дневниот предизвик, под водство на една дизајнерска куќа. Сара рекла дека случајно наишла на предизвикот.
„Прв пат го видов предизвикот на социјалните мрежи и помислив: Зошто да не“, рекла таа.
На учесниците на предизвикот им било дозволено да го перат и сушат фустанот преку ноќ, но доколку се будни, се очекувало да го носат. Сите што го завршиле предизвикот добиле ваучер од 100 долари.
View this post on Instagram
На својот Инстаграм, Сара започнала да прави разни модни комбинации со фустанот, а исто така признала дека носењето на таа облека и помогнало во самодовербата.
„Претходно, секогаш мислев дека сите гледаат во мене и дека сите забележуваат што носам. Сега знам дека не е така“, рекла таа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram