(ВИДЕО) Џејмс Меј го претставува најјакиот автомобил на светот

КАПЕТИН Слоу бил во можност од рпва рака да го запознае чудото од Хетхел.
Ејмс Меј е еден од оние кои знаат да уживаат, па во својата колекција има голем број интересни автомобили. Исто така е отворен за нови технологии, а особено за имплементација на електрични погони. Покрај возењето со Тесла, тој сега имал можност да се сретне и со еден од најрадикалните автомобили.
Со над 2.000 КС, Lotus Evia сè уште е најмоќниот сериски автомобил во светот. Терминот сериски земете го со резерва затоа што станува збор за 130 примероци, а поради бројните доцнења, првите клиенти сè уште го немаат земено својот автомобил. Во основа, многумина го гледаат овој автомобил како главен конкурент на C_Two на Римац. Lotus е бренд со традиција и големо знаење, а неодамна и со доволно средства (ги презема Geely), но според перформансите тие се малку порезервирани. Така, и покрај поголемата моќ, тие споменуваат перформанси кои се нешто полоши од ривалот од Света Недеља, но подеднакво импресивни.
Џејмс Меј можел да се запознае со автомобилот, но не му била дадена можност да го вози. Барем јавно, што, со оглед на искуството на неговиот колега Хамонд, е сосема разбирливо. Погледнете го неговиот поглед во иднината преку автомобилот вреден од 2,2 милиони фунти.

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ВО ПОДГОТОВКИ: Хотел што плута кој ќе произведува сопствена електрична енергија

Во последните години се појавуваат пловечки хотели низ целиот свет, со дестинации како Дубаи и …