(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од приврзаниците на Трамп како мачат полицаец

Вознемирувачко видео од нападот на толпата Трамп врз полицајци кога во средата упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон, се појави на социјалните мрежи.
Предупредуваме дека ова видео може да биде вознемирувачко за некои читатели.

На снимката се гледа како приврзаниците на Трамп „приклештуваат“ полицаец помеѓу вратата и толпата луѓе. Еден од насилниците се обидел да го отстрани штитот на полицаецот додека тој врескал од болка.

Викал и барал помош
Подоцна, истиот полицаец бил снимен без штит и крвав, викал и барал помош. Среде конфликтот, се слушнало едно лице како викало да го пуштат надвор. Службеникот на крајот се ослободил од стисокот и се чини дека одговорил потврдно на прашањето дали е добро. Здравствената состојба на полицаецот засега не е позната, пишува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, пет лица загинаа, а 52 беа уапсени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот во средата за да спречат потврда за изборната победа на неговиот наследник Џо Бајден.

Фото:Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Денеска е спомен на Преподобен Јосиф Песнописец: „Човек Божји, ангел во тело, отец на отците“

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Преподобен Јосиф Песнописец, кој потекнуваше од Сицилија. …