(ФОТО) Го препознавате ли ова девојче? Со светска слава се здоби со улога во најпопуларната турска серија

Фотографијата објавена на профилот на турската телевизиска и театарска актерка најпозната по нејзината улога во серијата „1001 ноќ“ ги воодушеви обожавателите.
Бергузар Гокче Корел на својата Инстаграм приказна објавила фотографија од своето детство и ги воодушевила обожавателите.

Имено, оваа популарна актерка е родена на 27. август 1982. година во Истанбул, а за време на своето детство се занимавала со многу хоби – од лизгање до свирење пијано како што се гледа на објавената фотографија.
Бидејќи е висока 180. см, таа започнала да тренира одбојка како млада жена, а подоцна продолжила да игра за професионални одбојкарски клубови. Покрај одбојката, во слободно време Бергузар ужива во лизгање, сурфање и танцување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Дипломирала на Театарскиот оддел на Државниот конзерваториум на универзитетот Мимар Синан. Покрај театарското студио, Бергузар работела и со Сузан Бастон, која била инструкторка по глума, Никол Кидман и Том Хенкс.


Во 2009 година се омажи за колегата Халит Ергенч, кого го запозна за време на снимањето на серијата „1001 ноќ“, а парот има две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО ГАЗА: Петмесечно палестинско момче извлечено ЖИВО под урнатините на трикатница – неговото семејство настрадало во израелскиот напад

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зградата погодена од израелски ракети во бегалски камп …