Прва Zoom претстава во Европа организирана од Mozzart со легендите од југословенската кинематографија

Легендарните глумци Драган Бјелогрлиќ, Мима Караџиќ, Весна Тривалиќ, Бранка Катиќ, Гордан Кичиќ и Зоран Кесиќ приредија спектакл на Mozzart јутјуб каналот во Србија. Претставата има хуманитарен карактер, па со секое шерување на видеото, се зголемува фондот за помош на драмските уметници.

Сокол го повикува орел прекуzoom и порачува: смеењето, добрата енергија и солидарноста е тоа што на сите ни е потребно во екот на пандемијата. Колективен имунитет на кризата се стекнува со заедништво, поддршка, и – со гледање на досега невидениот „Балкански шпион“! Оваа модерна верзија е возбудлива и смешна како авантурата на браќата Чворовиќ од драмата на Душко Ковачевиќ, а ќе биде достапна на MozzartСрбија јутјуб каналот до 9 јануaри до 20 часот. Дополнително, оваа претстава има хуманитарен карактер, па со секое шерување на видеото до 8 јануари до 20 часот, се зголемува фондот за помош на драмските уметници.

Можеби не ги добивте тие што ги посакувавте, но ги добивте тие кои што ги баравте: Драган Бјелогрлиќ во улога на Илија Чворовиќ и Мима Караџиќ во улога на Џура. Весна Тривалиќ ја игра Даница, Бранка Катиќ како ќерката Соња, а Гордан Кичиќ го глуми ликот на Петар Марков.

Зоран Кесиќ како наратор го комплетираше спектаклот „Глумците и Mozzart за вас и глумците“ организиран од Mozzart Србија. Глумците се откажаа од хонорарот со цел да се зголеми уште повеќе износот наменет за донација на драмските уметници во Србија.

„Да имате можност да помогнете на некој загрозен, да му подадете рака, да го дарувате, да се грижите за него, особено во овие тешки времиња, е најубавиот начин да ја започнете годината во која ќе ни треба многу солидарност. Ова е преубаво искуство и прекрасна акција, која се надевам ќе стане и традиционална.Среќен Божиќ.“ – порача Драган Бјелогрлиќ.

Хуманитарната претстава е најубавата празнична честитка до драмските уметници, но и до луѓето кои со многу поголем оптимизам и насмевки се обидуваат да зачекорат во годината. Во оваа посовремена верзија на ремек-делото на Ковачевиќ, соколот и орелот започнуваат важна мисија преку Zoom, а учествуваат легендите кои ја обележаа југословенската кинематографија.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Во петок во НОБ – Гала оперски концерт и „Болеро“ – Морис Равел

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се …