Ова ќе биде најсреќниот хороскопски знак во 2021. година

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Пристигна новата година, за која сите се надеваат дека ќе биде посреќна од 2020 година. Ако му се верува на хороскопот, оваа желба ќе и биде исполнета на Водолијата.
Астролозите на MindBodyGreen тврдат дека Големиот спој што се случил на 21. декември 2020. година ќе и донесе на Водолијата среќа во 2021. На тој ден, Јупитер и Сатурн биле најблиску еден до друг во последните 400 години и влегле во знакот на Водолија.
„Филозофскиот Јупитер ни ги отвора умовите, а Сатурн создава структури за да ги направи нашите мисли поопипливи. Започнува револуција на крилјата на либералната Водолија”, најавуваат астролозите.
Поради ова, Водолијата ќе ја покаже својата имагинативна, авантуристичка страна повеќе од кога било.
„Големите промени и новите животни структури се во нивната иднина. Водолии, вие сте на вистинската страница од вашата животна книга, што ќе биде многу возбудливо”, додаваат астролозите.


По својата природа, Водолијата е иновативен знак кој размислува за иднината со желба да постигне подобрување на општеството. Тие се научници, инженери и наставници. Со Јупитер и Сатурн во нивниот знак, во 2021. година тие ќе го почувствуваат моментумот на креативна енергија и позитивно размислување и ќе ги оживеат своите алтруистички идеи.
За да извлечат максимум од сè што им носи 2021. година, тие ќе мора да останат со отворен ум. Мозокот ќе треба да се чува чист, а смиреноста може да се најде во медитацијата и употребата на техники за дишење. Здравата исхрана со цели зрна никогаш не била поважна во нивниот живот. Астролозите ги советуваат да избегнуваат алкохол и кофеин и да следат колку јадат и спијат, особено околу 26. март, 19. ноември и 4. декември.
„Може да се чувствувате прилично енергично оваа година. И покрај тоа што се чувствувате како ѕвер, бидете нежни со зглобовите за повредата да не ве забави”, советуваат астролозите.
Среќата може да ја придружува Водолијата и во љубовта. Најсреќен ден за ова е 10. јуни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) РИС нападнал семејство пред куќата: Снимката од вчера ја погледнале 6,7 милиони луѓе

Снимките од надзорните камери на рисот како напаѓа американско семејство се појавија на Интернет и …