ИНТЕРЕСНО – Пет верувања кои привлекуваат пари: Ако ова го уфрлите во паричникот можете да се надевате на богатство

Правилата на фенг шуи и старото народно верување се совпаѓаат во една работа – паричникот што го користиме треба да биде црвен.
Црвената боја е симбол на просперитет и предизвикува убави емоции.
Најдобро е да изберете правоаголен паричник. За складирање на метални пари, подобро е да изберете правоаголна чанта, но не е препорачливо да ставате хартиени банкноти во истиот паричник.
Следете ги овие пет чекори ако сакате повеќе пари во животот!

1. Чистење
Извадете сè од паричникот, ама баш сè. Избришете го целиот со влажна крпа од микрофибер за да го исчистите.

2. Сортирајте сè што ќе најдете внатре
Веројатно имате еден куп потврди, сметки или ливчиња хартија што навистина не ви требаат. Ако има такви меѓу нив што мора да ги чувате, нивното место не е во вашиот паричник, туку некаде во куќата каде што чувате други документи поврзани со финансиите. Отфрлете ги сите членски картички со истечен рок и препишете ги броевите од деловните картички во телефонот или во нотес.
Не заборавајте на готовината – исправете ги банкнотите убаво и потоа наредете ги. Колку пати сте барале пари, затоа што не знаете каде е секоја банкнота или од 20 денари мислите дека е 100? Наредете ги банкнотите по вредност, од најмали до најголеми и секогаш чувајте ги на тој начин. Ова е првиот чекор кон исфрлување на „хаосот“ од вашиот паричник и тоа ќе ви значи многу.

3. Што оди во секоја преграда?
Во паричникот секогаш носете го само она што треба да го имате со вас секој ден. Ако од него испаднат стуткани банкноти, банкарски сметки што веќе избледеле, деловните картички потсвесно ќе ве иритираат веднаш штом ги отворите. Ставете сè што ви треба често во најлесно достапниот оддел.

4. Додадете едно парче хартија во него
Добрата енергија привлекува добра енергија, па затоа во еден од одделите за паричник ставете парче хартија на која сте напишале афирмација, порака до себе, можеби дури и хартија на која што сте си напишале дека одредена сума нема да ја повлечете од сметката, како симболи за привлекување добра енергија.
Во паричникот секогаш носете го само она што треба да го имате со вас секој ден.

5. Каде да се чува?
Го уредивте паричникот, тој е подготвен да привлече добра енергија и изобилство, сега не би било добро само да го ставите во торба полна со хаос. Средувањето на чантата нека биде вашиот следен чекор!

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Имунитетот после ковид трае подолго отколку што мислевме

Кај оние кои се опоравуваат од ковид 19, имунитетот кон вирусот може да трае најмалку …