(ВИДЕО) Трамп по прв пат дефинитивно го признал поразот

Доналд Трамп објавил дека сега своето вниманието го свртува кон непречениот и уреден трансфер на власта, откако Конгресот ја потврди изборната победа на демократот Џо Бајден.
„Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Сега сум фокусиран на обезбедување непречено, уредно и беспрекорно предавање на власта. Ова е момент за заздравување и помирување“, рекол Трамп во видео пораката објавена на Твитер ден откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол обидувајќи се да спречат потврда за победата на Бајден.


Трамп го осуди насилството, велејќи дека бунтовниците „го сквернавеле седиштето на американската демократија“.
„Оние што извршија насилство не ја претставуваат нашата земја, а оние што го прекршија законот ќе платат“, рекол Трамп.
„Да ви служам како претседател беше најголемата чест во мојот живот“, рекол Трамп во видеото. „И им велам на сите мои прекрасни поддржувачи: Знам дека сте разочарани, но сакам да знаете дека нашето неверојатно патување штотуку започнува“.
Изјавата на Трамп уследи по повикот на водечките демократи да го спроведат 25-тиот амандман, со кој претседателот веднаш ќе биде сменет од функцијата, поради неговата улога во немирите во средата, во кои беа убиени пет лица, меѓу кои и еден полицаец во Капитол.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …