Војвотката е многу загрижена, тврдат извори блиски до кралското семејство.
Иако ги извршуваат своите кралски должности во јавност и изгледаат мирни, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам доживуваат вистинска драма во ѕидовите на нивниот дом, пишува списанието Globe.
Војвотката од Кембриџ, наводно, е многу загрижена за нејзиниот сопруг кој се бори со физички и ментални проблеми и го моли да побара стручна психолошка помош. Вилијам наводно „пукал“ под товарот на стресот со кој морал да се справи минатата година, од заминувањето на Хари од семејството и срамот што принцот Ендру го фрли на кралското семејство со неговиот пријателски однос со Џефри Епштајн, кој водеше проституција на малолетни девојчиња, па до најлошата вест што тој ја сознал – дека страда од редок и тешко излечив вид на карцином.
View this post on Instagram
Тој веќе подолго време живее со многу малку сон и станува сè послаб
„Кејт е очајна од грижи, бидејќи не сака да остане без сопругот и таткото на нивните три деца, шестгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и двегодишниот принц Луис“, открил извор близок до кралското семејство. Покрај тоа што го убедила да се обрати до професионалци за помош, Кејт постојано го потсетувала Вилијам дека не треба да ги сфаќа работите толку сериозно. Но, тој совет не е лесен за да се примени во пракса.
View this post on Instagram
“Вилијам е на чекор од работ. Веќе подолго време со многу малку сон и станува се потенок. Веќе нема ниту апетит”, рекол изворот. Тој објаснил дека принцот буквално ‘го јадат неговите чувства и горчината што ја чувствува кон Хари и чичкото Ендру’.
View this post on Instagram