Короната го одложи доделувањето на Греми наградите

Греми наградите, закажани за 31 јануари, се одложени поради ширењето на коронавирусот во Лос Анџелес, објавија списанијата „Ролинг Стоун“ и „Варајети“.
Двете списанија се повикуваат на голем број извори според кои церемонијата на доделување на наградите за музичката индустрија може да се одржи во март, околу 14..
Recording Academy,, која ги организира Греми наградите, сè уште не го потврдила тоа.
Лос Анџелес се соочува со нагло зголемување на бројот на болни и мртви, и преоптоварен болнички систем, а затворени се и спортските сали, фризерниците и рестораните.
Минатата година, организаторите на Греми објавија дека бараат нов начин на одржување на церемонијата, без публика и црвен тепих.
Потоа пак објавија дека размислуваат за организирање индивидуални настапи на отворено на различни локации наместо во салата на „Стејплс центарот“ во центарот на Лос Анџелес.

Фото: grammy.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Откриени глумците на најскапиот филм на Нетфликс – фановите во транс: „Какви тројца фраери!“

Ѕвездата на хит серијата „Бриџертон“, Реж-Жан Пејџ, се приклучи на екипата на филмот „The Gray …