Иако од мали нозе е во жижата на јавноста Каролина Гочева успешно го криеше својот приватен живот, а таа пракса продолжи и откако се омажи…
Каролина Гочева кога станува збор за музиката секогаш има да понуди добра и квалитетна песна, но за приватниот живот не сака многу да зборува.
Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно како и основните работи кои не можат да се сокријат.
Во интервју за „Ексклузив“ таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.
„Понекогаш знам да потфатам по дома, сакам да готвам. Не сум совршена, но сакам да експериментирам и сакам да правам некои работи“, вели Гочева.
Таа истакнала дека иако со нејзиниот сопруг Михаил Корубин и двајцата се уметници сепак успеваат да го прилагодат времето како им одговара.
View this post on Instagram
„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.
View this post on Instagram
Гочева вели дека ја прават среќна луѓето кои ги сака, а за приновата во семејството истакна дека би сакала да се реализира како мајка.
„Тоа се прашања кои така се поставуваат. Прво кога ќе се мажиш, па потоа кога ќе родите бебе. Се разбира дека би сакале и тоа да се случи, но животот самиот си ги планира работите“, вели Гочева во интервјуто за „Ексклузив“.
За потсетување, Каролина го издаде албумот „Извор“, а обвивката за aлбумот токму ја направи нејзиниот сопруг.
Фото: Принтскрин/youtube
Фото: Instagram