(ФОТО) ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА АРХЕОЛОЗИТЕ: Пронајдено местото каде што Јован Крстител е осуден на смрт!

АРХЕОЛОЗИ тврдат дека го откриле местото каде што Јован Крстител бил осуден на смрт. Станува збор за месноста Махерон на денешен Јордан, каде што, според археологот, имало подиум на кој Саломе го замолила кралот Ирод Антипас за главата на претходникот на Исус.
Според традицијата, Јован Крстител, познат и како Јован Претечал, го најавил доаѓањето на Исус Христос на земјата. Библијата, но и римскиот писател Флавиј Јосиф, сведочат како Јован Крстител го загуби животот. Римскиот писател ја спомнал тврдината Махерон во близина на Мртвото Море како место на погубувањето.
Кралот Ирод Антипа се плашел од растечкото влијание на Јован Крстител, пишува Флавиј Јосиф, па затоа го погубил. Библијата вели дека Ирод Антипа го погубил Јован во замена за танцување.
Библиската приказна раскажува дека Ирод Антипа сакал да се ожени со Иродијада, поранешна сопруга на неговиот брат Филип, на што се спротивставил Јован Крстител.
На роденденската забава на Ирод, ќерката на Иродијада, Саломе, го воодушевила Ирод со танцот, па тој и’ ветил што сака како награда, а таа ја побарала главата на Јован Крстител.
Археолозите кои ја истражувале оваа локација сега тврдат дека пронашле подиум за танцување каде што била изречена смртната казна, објави „Lajvsaens“.
Ѓезе Вереш, водачот на истражувањето, изјавува дека го откриле и престолот на Ирод Антипа.

Локалитетот каде што се спроведувало новото истражување е познато со децении, но археолозите дури сега утврдиле дека тоа е престолот на Ирод, изјавил Вереш. Бидејќи станува збор за кралски престол, јасно е дека во близина на него постоел подиум за танцување каде што Салома го играла смртоносниот танц, тврди археологот.
Тим археолози, исто така, објавија, во својата книга, реконструкција на изгледот на замокот од времето кога бил погубен Јован Крстител.
Сепак, стручните мислења за ова откритие се поделени.
Мортен Хернинг Јенсен, норвешки експерт, автор на книга за Ирод Антипа, изјавува дека историски е можно ова откритие да е она што го смета Вереш.


Од друга страна, Џоди Магнес, професор на Универзитетот во Северна Каролина, ја пофалува работата на тимот археолози, но откритието според кое е пронајден тронот на Ирод, е сомнително. Како што вели, предметот за кој Вереш тврди дека е престолот на Ирод Антипа, е многу помал од тронот на неговиот татко Ирод Велики во зимската палата во Ерихон.
Ерик Мајерс, емитутус професор на Универзитетот Дјук, повторно изјавува дека е многу можно дека е пронајден престолот на Ирод Антипа.
„Очигледно, беше пронајдено идеално поклопување помеѓу литературните и археолошките извори што го сместуваат погубувањето на Јован Крстител на тоа одредено место. Тоа е јак ‘случај’ и со нетрпение го чекам конечниот извештај“, рекол Мајерс.

Фото: Архива и Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО 16. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 150. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …