(Рецепт) Посно за Бадник: Пробајте нешто ново – Пита со ориз и зелка!

Можеби комбинацијата ви делува чудно, но не би требало…тоа се состојките од кои правиме посна сарма а сега се користат и кори за пита и добиваме извонредно солено јадење за Бадник!
Состојки:
1 кг кори за пита
1 кг зелка (свежа или кисела)
125 г ориз
4 главички кромид
масло, сол, црн пипер
Подготовка: зелката ситно исечкајте ја и насолете. Оризот обарете го и измешајте со зелката, насолете, додајте црн пипер, по вкус.
На загреано масло пропржете со сечканиот кромид, па додајте ги зелката и оризот. Динстајте додека зелката не добие светло жолта боја. Тргнете од ринглата и зачинете па оставете смесата да се излади.
Тавата за печење намачкајте ја со масло па редете кори и фил, наизменично.
Наредената пита испрскајте ја со врело масло и печете во добро загреана рерна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕВЕРОЈАТНО дејство на јодот: Го засилува ефектот од вакцината и го јакне имунитетот

Јодот е практично незаменлив како антибактериско и антивирусно средство Заштитата што вакцината ќе ја обезбеди …