Оваа Хонда ја убива короната – еве и како!

Постојат се повеќе автомобили кои нудат вентилација опремена со напредни филтри кои спречуваат влегување на мали честички.Но, Хонда отишла чекор подалеку.

Хонда го претставува Курамаку, нов производ во опсегот на филтри за системот за вентилација. И’ додека класичниот филтер во кабината овозможува минување на ситни честички, напредните (CN 95) спречуваат да помине нешто поголемо од 0,3 микрони во дијаметар, а Honda работи на друг принцип.

Ова е првиот активен филтер за автомобили. Тоа е дополнителен слој кој ги доловува честичките на вирусот, но исто така ги уништува благодарение на цинк-фосфатот што се наоѓа на влезната површина на филтерот. Затоа, Курумаку овозможува и чистење на микропросторот во кабината со уништување на вирусот што патникот ненамерно го воведува на облека и обувки.
Од Хонда велат дека Курумаку отстранува 99,8% од честичките на вирусот во кабината за 15 минути циркулирачка вентилација. Животниот век на филтерот е 15.000 км, а цената е околу 50 евра. Првиот модел што го нуди Курумаку е kei автомобил N-Box резервиран за јапонскиот пазар.

Фото: Хонда

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Во периодот од 18 до 22 мај 2021 година,  ЈП Комунална хигиена–Скопје ќе спроведе акција за собирање …