Грабнувачот на 12. годишното девојче, Малчанскиот бербер, осуден на доживотен затвор

Нинослав Јовановиќ (48), грабнувачот на 12-годишно девојче од околината на Ниш, е осуден на доживотен затвор, пишува Телеграф.
Пресудата во Вишиот суд во Ниш е прва казна доживотен затвор по укинувањето на смртната казна. Ова е пресуда овозможена со изменетиот кривичен закон од мај 2019. година.
Случајно или не, пресудата беше објавена на истиот датум кога Јовановиќ беше уапсен минатата година, по 15-дневна потера.
Јовановиќ двапати бил осудуван за слични злосторства и поминал вкупно 22, години зад решетки.


Нинослав Јовановиќ, кој во јавноста стана попознат како Малчански Бербер, беше уапсен на денешен ден минатата година во полициска акција во областа Малча во Србија. Тој беше уапсен на локалните гробишта.
Јовановиќ киднапираше 12-годишно девојче во втората половина на декември и бегаше со неа со денови. Полицијата му влегла во трага по неколку дена, но не успеала да го фати.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Денес е спомен на Светиот пророк Малахија: Говорел со ангелот и пророкувал!

Според православниот, односно јулијанскиот календар денеска е 3-ти јануари. На овој ден православните христијани ги …