Што се случува во телото ако секој ден јадеме пилешко: 8. предности и една мана!

Сето наведено се однесува на квалитетно месо подготвено на здрав начин, без пржење, претерување со маснотии, сол и силни зачини.
Пилешкото е еден од најчестите оброци во многу домови во нашаи простори. Го сакаме затоа што заситува, има добар вкус, добро се комбинира со многу други намирници и е релативно достапно, а истовремено е и најпознат извор на квалитетни протеини.
Дали некогаш сте се запрашале што може да се случи ако го консумирате секој ден? Следните ставки се однесуваат на подготовка на квалитетно пилешко кое не вклучува многу маснотии, сол и шеќер.

1. Посилни коски
Калциумот и витаминот Д се најважни кога станува збор за здравјето на коските. Но, протеините се клучна хранлива материја за спречување на остеопороза и одржување на скелетот здрав и силен. Бидејќи пилешкото е извор на високо квалитетен протеин, честото консумирање на тоа ќе ги наполни коските барем со една од многуте важни хранливи материи што им се потребни.

2. Поголемо задоволство за време на оброците
Вклучување на извори на протеини, како пилешко, за време на оброк може да ви помогне да се чувствувате позадоволни, што пак може да ви помогне да се спротивставите на нагонот за ужина попладне, што позитивно влијае на вашата тежина.

3. Може да ја подобрите меморијата
Пилешкото содржи холин, хранлива состојка која игра улога во меморијата и другите функции на мозокот. Податоците сугерираат дека оние кои консумираат повеќе холин имаат подобри резултати на тестовите за меморија во споредба со оние кои не конзумирале многу од оваа хранлива материја. Бидејќи пилешкото содржи и витамин Б12, хранлива состојка која е исто така поврзана со функцијата на меморијата, конзумирањето пилешко може да биде храна што го стимулира мозокот благодарение на комбинацијата Б12/ холин.

4. Чувство на благосостојба
Пилешкото содржи триптофан, амино киселина која игра улога во зголемувањето на нивото на серотонин (хормон кој прави да се чувствуваме добро). Ниските нивоа на серотонин се поврзани со депресија, така што одржувањето на здраво ниво со јадење пилешко или на друг начин може да ви помогне да се чувствувате подобро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …