(ФОТО) Луис Хамилтон не го заборави роденденот на Михаел Шумахер!

Сите го нарекуваат наследник на Михаел Шумахер, а Хамилтон, кој се изедначи со бројот на освоени титули во Формула 1, ја покажа и својата емотивна страна…
Хамилтон кој неодамна ја освои седмата титула во Формула 1 со која се изедначе според бројот на освоени светски круни со легендарниот Шуми, на социјалните мрежи синоќа му го честиташе 52 роденден на германскиот великан.
Михаел Шумахер пред седум години на скијање на Алпите доживеа тешка несреќа при што ја повреди главата, оттогаш светот е многу малку запознаен со неговата состојба. Михаел Шумахер вчера го прослави својот 52 роденден во домот во Швајцарија.

Не е познато во каква атмосфера е прославен роденденот на Шуми, но преку социјалните медиуми неговиот наследник Луис Хамилтон му упати роденденска порака.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАТПРЕВАРИ ВО 16 И 20 ЧАСОТ – Осминафинале на Мундијалот: Французите апсолутни фаворити против Полјаците, Сенегалците се надеваат на чудо против Англичаните

Денеска се закажани два нови натпревари од осминафиналето на Светското првенство во Катар. Откако вчера …