(ВИДЕО+ФОТО) Земја во која има најмалку шанси да доживеете земјотрес

Експертите велат дека земјотрес може да се случи буквално насекаде. Шансите за тоа се најголеми во трустните подрачја како Јапонија, Филипини или Индија, но една земја од WorldRiskIndex беше нагласена како земја со најмал ризик од тресење на земјата и други природни катастрофи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Qatar (@visitqatar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Qatar (@visitqatar)

Станува збор за Катар. Според годинешниот извештај на WorldRiskIndex, таа земја на Арапскиот полуостров беше на врвот на листата на најбезбедни земји во светот од природни катастрофи со индексна вредност 0,31. Накратко, во Катар имате најмалку шанси да доживеете земјотрес, поплава, вулканска ерупција и други природни катастрофи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Qatar (@visitqatar)

Сепак, тоа не значи дека земјотресите никогаш не се случуваат во Катар. Сеизмолошката служба во Доха, на пример, регистрираше земјотрес со јачина од 5,7 степени, на 9. јуни годинава, со епицентар во југозападен Иран, што многу добро можело да се почувствува и во Катар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Qatar (@visitqatar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Qatar (@visitqatar)

Покрај анализата на можноста за природни катастрофи во секоја земја, WorldRiskIndex исто така вклучува и голем број социјални, политички и еколошки фактори, фокусирајќи се на потенцијалната ранливост на населението и нивната способност да се прилагодат на новите настани како резултат на климатските промени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Qatar (@visitqatar)

По Катар, најбезбедна земја во светот од природни катастрофи е Малта (0,66 индексна вредност), Свети Винсент и Гренадини (0,81 индексна вредност), Гренада (0,97) и Саудиска Арабија (1,04). Најнеизвесна земја според WorldRiskIndex за 2020 година е земјата во Океанија – Вануату со индексна вредност од 49,7.

Видео и фото: instagram.com/visitqatar/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ВИДЕО+ФОТО) Дошол на венчавка со шест жени:„Сите се трудни од мене!“

На Инстаграм објавил фотографии од венчавката Контроверзниот богаташ познат како Прити Мајк предизвикал низа коментари …