Питер Џексон ќе режира документарец за „Битлси“ со досега невидени снимки и неслушната музика

Документарецот на Џексон во кината треба да се појави на 27. август 2021. година…
Режисерот на „Господарот на прстените“ Питер Џексон го даде првиот увид во неговиот претстоен документарец за Битлси. Со наслов „The Beatles: Get Back” (Битлси: Вратете се), документарниот филм го следи периодот на претпоследниот албум „Let It Be“ во 1970. година.
Џексон добил увид во 55. часа на необјавени снимки и 140. часа аудио записи, кои потоа ги реставрирал со употреба на истите техники користени за неговиот реномиран документарец од Првата светска војна „They Shall Not Grow Old” (Тие нема да остарат).
Документарецот на Џексон во киносалите треба да пристигне на 27. август 2021. година. Со цел да се совпадне со неговата премиера, се очекува и обновена верзија на оригиналниот филм „Let It Be“ во режија на Мајкл Линдзи-Хог.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Актерката чии родители се смрзнале во куќата открила: „Не ме пуштија да влезам дома 10. години, се молев и плачев“

Актерката Алиша Вит проговорила за шокантната смрт на нејзините родители, кои пред еден месец беа …