Кој ќе прими вакцина за корона може на стадион!

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино предложил италијанската влада да им дозволи на навивачите кои биле вакцинирани против коронавирус да присуствуваат на натпреварите од шампионатот таму.
Италија е, инаку, земја со најмногу смртни случаи од Ковид-19 во Европа.


„Мислам дека навивачите кои примија вакцина може да бидат на стадионите. Доставивме план на 300 страници до италијанската влада во кој опишавме како публиката може безбедно да се врати на стадионите, што вклучува намален капацитет до 20-30 проценти. Но, не добивме ниту еден одговор, дури ниту телефонски повик. Се надевам дека барем на оние кои ја примија вакцината ќе им биде дозволено да гледаат фудбал“, рекол Дал Пино.

Медицинската комисија на Италијанската фудбалска асоцијација (FIGC) била подготвена да ја разгледа можноста сите професионални играчи да бидат вакцинирани против коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Постигнал гол за ТВ шпици од речиси половина терен откако издриблал еден играч!

Фудбалерот на Порта направи потег што со години ќе се емитува на ТВ -емисиите во …