(ФОТО) Наско Џорлев:„Фала ти тато за се’, тато е најдобар тато, душичке наша! За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден!“

Наско Џорлев, постариот син на нашиот музички виртуоз Зоран Џорлев кој вчера ненадејно на 53. години ја загуби битката со корона вирусот, се огласи на Инстаграм, споделувајќи ја последната семејна фотографија.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.
„Вчерашниот ден беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат. Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не’ имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош.
За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат. Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се’. Се’ што имам е од татко ми, се’ што сакам и правам денес е поради татко ми, се’ ми имаш пружено. Се’ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се’, тато е најдобар тато, душичке наша! За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден! Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден дедо мраз како поклонче за нова година. Последниот здив го има испуштено држејки ја. Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро.. Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASKO (@chu33y)

Фото: instagram.com/chu33y/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Кирил Лазаров стартуваше во новата улога: „Подготвен сум и среќен за овој предизвик“

Најмладиот ракометен селектор во нашата историја, Кирил Лазаров ги пречека своите избраници со кои во …