Смрт на Менхетн: Дипломатка од Македонија пронајдена мртва

Дипломатка од Македонија, која била испратена во постојаната мисија на земјата во ООН, била пронајдена мртва од полицијата во Менхетен со ремен околу вратот и две празни шишиња со антидепресиви, без траги на насилство.
Според порталот Плусинфо, постои сомневање дека дипломатката од Македонија се самоубила на новогодишната ноќ во нејзиниот стан во Менхетен, Њујорк.
Според изјавата на чуварот на зградата во која била пронајдена мртва, таа живеела на четвртиот кат сама две години.
„Таа живееше тука две години. Сите сме изненадени, таа беше пријатна и многу добра личност. Докторите вчера дојдоа со брза помош“, изјавил за Фокс Њуз домарот Хернан Авила, додавајќи дека дошол и еден маж
Медиумот наведува дека од официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела таа, засега не добиле одговор.
Според „Њујорк Пост“, станува збор за 38-годишна дипломатка од македонската мисија во ОН.

Извори: Плусинфо и nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО ЛОШ ИЗВЕШТАЈ: Денеска се регистрирани 603. нови случаи на Ковид 19 – Починати се 39 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …