(ВИДЕО) Оваа песна стасала на прво место на топ синглови 36. години откако е објавена

Песната Last Christmas на групата Wham! прв пат се нашла на врвот на британската топ листа на синглови, 36. години откако првпат била објавена.
Овој божиќна класик минатата недела бил преслушан 9,2 милиони пати, соборувајќи го видеото на LadBaby, Don’t Stop Me Eating.
Песна од Џорџ Мајкл и Ендру Ригли, првпат беше објавена во 1984. година, поради хитот на Бенд Аидот Do They Know It’s Christmas?, но никогаш не стигнала до првото место.

Ригли рече дека е „донекаде изненаден“ што песната дури сега стасала на врвот.
Тој рекол дека е воодушевен и длабоко задоволен од добиената вест, „иако 36. години по објавувањето на песната, што е повеќе од што било доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“.
„Тоа е пригодна посвета на генијалниот кантавтор Џорџ и нешто со што тој би бил исклучително горд и нешто со што би бил исклучително воодушевен“, додал Ригли.
Откако песната излезе во 1984 година, шест пати влегуваше во првите десет.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дејвид Атенборо ќе го претставува народот на самитот за климатските промени

Познатиот британски водител, Дејвид Атенборо, е именуван за „народен претставник“ на глобалниот самит за климатски …