(ФОТО) Чудесно дрво кое живее против сите правила на природата

Иако го нарекуваат Дрво на животот, најчесто прашање што оди со ова дрво е – како воопшто е сè уште живо. Имено, тоа потсетува на човек на кого некој му ја оддели земјата под нозете, при што секоја одеи на своја страна, во шпага. Вака ова дрво виси во воздухот, држејќи се на корените.
Замислете да бидете на бесконечна песочна плажа и да гледате во хоризонтот, во Тихиот океан. Вие сте сами и скоро и да нема луѓе, можеби само некој што шета куче или заљубен пар кој оди на нивната романтична прошетка. Зад вас се само карпи покриени со шума и еден мистериозен премин кој е премногу мрачен за да видите што има во него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Laraine (@marina.dotcom)

Над преминот, две карпи со своите корени ги поврзува едно дрво, како да прават јаже и истовремено формираат покрив над преминот. Па, тоа е токму она што можете да го доживеете на бреговите на американскиот северозапад, познато по својата локација поубаво и од самиот океан – Дрвото на животот, пишуваат на веб-страницата Pun kufer.
Ако патот ве наведе преку барата, запомнете ја оваа погодна дестинација на север, недалеку од границата со Канада. Дрвото на животот се наоѓа во сојузната држава Вашингтон (не треба да се меша со Вашингтон на источниот брег затоа што има скоро 5.000 километри разлика помеѓу нив), во т.н. Олимписки национален парк.

Иако го викаат Дрво на животот, најчесто прашање што оди со ова дрво е како тоа е воопшто живо. Имено, тој изгледа како човек на кого некој му ја одделил земјата под нозете, па прави шпага. Вака ова дрво виси во воздухот со помош на своите корени. Исто така го нарекуваат и дрвото Калалоч, а всушност е еден вид смрека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Egresi (@katie.egresi)

Неговите обожаватели секоја година го посетуваат за да видат дали тој сè уште се држи и, на нивно изненадување, секоја година повторно ги пречекува на истото место. Единствената разлика е во тоа што секоја година, под својата тежина, пропаѓа за неколку сантиметри. Патем, една двојка оди таму секоја година 17. години по ред.
А оној премин од почеток… Внатре има мала пештера во карпата од која извира вода што оди во океанот. Пацифичкиот брег е познат по своите прекрасни зајдисонца, што е само уште една причина за посета.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Кирил Лазаров стартуваше во новата улога: „Подготвен сум и среќен за овој предизвик“

Најмладиот ракометен селектор во нашата историја, Кирил Лазаров ги пречека своите избраници со кои во …