(ФОТО) СЕКОЈА ЧЕСТ – Штипјанец самоиницијативно одлучил да замине во Сисак и да помогне: „Страшни глетки, но обединети и сложни се борат!“

Секоја чест за Александар Ѓорѓиевски од Штип кој откако ги видел страотните снимки од Сисак, Петриња и Загреб, одлучил сам да замине и добоволно да помогне, таму каде што е потребно.
Тој по пристигнувањето во Хрватска на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека заминал во Сисак и каде што бил вклучен во активностите за помош на жителите на овој град.
„Страшни глетки, но обединети сложни се борат, народот е вклучен. Хуманитарни пакети, полни камиони и шлепери донации пристигнуваат од сите страни. Работава искрено е многу тешка овде и да бидам искрен луѓе на терен има и премогу и од тоа се создава премногу хаос. Единици на војската и полицијата, тука екипите на Црвениот крст, но и волонтери како мене. Сите можни институции се на терен и кога многу луѓе даваат команди и инструкции, можете да претпоставите и каква е состојбата на терен“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук, и додал:
„Поради тоа на сите волонтери им е посочено да ги истовараат хуманитарните пакети и да се доставуваат со комбиња до погодените граѓани кој останаа без кров над глава искрено таа работа два до три дена ќе се среди и потоа си преземаат тие“.
Штипјанецот испрати поздрав од Сисак им посака на сите да бидат живи и здрави и дека очекува работата за која е задолжен да биде готова за 36. часа, според него, па по завршената работа се гледаат во неговиот роден Штип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Еден град, едно пакување, 10 дизајнерски приказни од Шизик на ризик

Mакедонскиот лајфстајл бренд Шизик на ризик неодамна ја прошири својата палета на производи со уште …