(ФОТО) Пет докази дека Меган Маркл ја победила Кејт Мидлтон!

Дали сте тим Меган или тим Кејт? Двете членки на кралското семејство многумина од почетокот ги сметаа за ривали, а потоа по „Мегзит“ тие всушност станаа тоа. Но, кој победи?
Начинот на живот сепак може да биде повеќе на страната на Меган Маркл, бидејќи таа и Хари решија да ги напуштат строгите протоколи и студениот свет на кралските должности, додека Кејт е во голема мера во сето тоа.
Сепак, сопругата на принцот Вилијам веќе се смета за идна кралица, поради што мора да биде одмерена и внимателна во сè што прави, за разлика од Меган, која нема такви аспирации и обврски.
Дали Меган ја победи Кејт заради целата таа слобода и повеќе избори? Еве неколку причини зошто многумина мислат така.

Меган имаше успешна кариера
Додека Меган беше прославена актерка пред да се сретне со Хари, кој играше низа улоги и сама се проби во валканиот свет на Холивуд, Кејт Мидлтон немаше реализирана кариера пред бракот во кралското семејство. Злобните јазици би рекле дека таа никогаш не ја посакувала, имајќи предвид дека студирала историја на уметност.
Но, се сеќаваме дека Кејт е од богато семејство и дека сепак работеле неколку работи пред да ја добие благородната титула. Сепак, иако Меган веројатно ќе продолжи да глуми (барем дадава глас за цртани филмови), Кејт се откажа од кариерата откако се омажи за Вилијам и не планира да и се врати – титулата војвотка од Кембриџ веќе стана нејзина кариера. Тоа не значи дека Кејт не прави важни работи, но сепак сè во името на кралското семејство.

Меган се ослободи од традицијата
Протоколите стари неколку века навистина ретко кој ги сака во животот. Како војвотка од Сасекс, Меган мораше да живее според безброј правила, кои Кејт ги надмина и ги почитува. Кралските должности би им одзеле и Хари и Меган голем дел од животот. Затоа конечно се разделија од семејството.
Веќе на венчавката, кога сама одеше до олтарот, Меган покажа дека не се грижи толку за традицијата.

Меган може да облече што сака
Двете војвотки имаат сосема различни стилови, а кој ви се допаѓа повеќе зависи од тоа што сакате кога е модата во прашање. Кејт има елегантен, „препи’ британски стил со јасни кроеви, додека Меган отсликува калифорниски, опуштен, но луксузен стил.
Сепак, иако Меган може утре да се појави во најпровокативниот фустан досега (иако веројатно нема да се случи), Кејт не може да си го дозволи тоа. Повторно, тие правила ја кочат – затоа што мора да се следи јасно дефинирана должина на здолниште или ракав. Иако има пари за целата можна облека на светот, таа не може да носи сè. Меган од друга страна, нема никакви ограничувања.

Меган може да се занимава со сите теми што ја интересираат – дури и со политички
Кејт и Вилијам можат да се занимаваат со теми како што се климатските промени и менталното здравје, но веројатно се забранети сите теми кои барем се поларизирани во јавноста или се „контроверзни“. Да речеме – сите политички теми.
Додека принцот Хари се дружи со Џил Бајден, а Меган го поддржува движењето „Црните животи имаат значење“, тоа е големо табу за Кејт и Вилијам, бидејќи традиционално членовите на кралското семејство не смеат јавно да ги искажуваат своите политички ставови.

Меган може да го гради семејството каде било во светот – на кој било начин што таа сака
Војводата и војвотката од Кембриџ можат да патуваат насекаде, но јадрото на нивното семејство мора да остане во Велика Британија, на нивниот имот. Од друга страна, Меган и нејзиниот избраник веќе живеат малку како номади. Прво се шушкаше дека ќе живеат во Канада, но тие се предомислија и заминаа во сончевиот Лос Анџелес. Небото е граница кога имате многу пари.
Исто така, додека Меган и Хари го тргнаа својот син Арчи од сите обичаи и протоколи поврзани со британското благородништво, трите деца на Кејт и Вилијам растат со сите тие правила. Сепак, каде и да се, овие деца ги имаат сите можни можности и сите можни шанси да прават што сакаат во иднина.

Фото: instagram.com/kensingtonroyal/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …