???????????

Учество на Крстевски на меѓународни изложба во Кјото, Загреб, Лубен

На тема „Пандемија/Ковид“, македонскиот уметник Златко Крстевски, заедно со Јордан Поп-Илиев, учествуваат на меѓународната изложба во Меѓународниот музеј на уметноста манга – Кјото Јапонија, во организација на Музејот на мирот и Универзитетот во Кјото, ( Меѓународна мрежа на музеи за мир/ Универзитет Кјото Сеикодна, меѓународно истражување за манга), заради глобалната ситуација, изложбата е продолжена, таа ќе биде презентирана виртуелно и во рамките на симпозиумот на 21. јануари 2021. година, како и изложбата на ХДЛУ Загреб, Хрватско друштво на уметници на тема „Кон нова светлина“, виртуелната изложба на членови и пријатели на ХДЛУ изложува дело на слики на платно во рамките на изложбата на неодамнешни дела, заедно со Миро Георгиевски.

Крстевски е единствениот учесник на познатото 10-то меѓународно биенале на современа карикатура „ГРАФИКАТУР“ 2020 во Лубен-Спревалд-Германија, на тема „Мобилност“, каде учествуваат 168 автори од 29 земји – Белгија , Полска, САД, Холандија, Русија … со 446 дела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Театар Комедија на 5. и 6. март со претставата „На отворено“

На 5 и 6 Март (петок и сабота) на големата сцена во Театар Комедија ќе …