Одбележани 100 години од смртта на Марко Цепенков

Делегации, од ЦК „Марко Цепенков“ предводена од директорот Рубинчо Белчески, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, од Советот предводена од претседателот Елена Ташкоска, денеска положија свежи цвеќиња на спомен обележјето на Марко Цепенков, пред институцијата, по повод 100 години од неговата смрт.

Веќе 41 година Центарот за култура го носи името на истакнатиот собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката , за националната историја… за правото и за моралот на Македонците.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаетиобичаиобреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.).

Низ годините театарот „Војдан Чернодрински“ прикажал повеќе претстави во кој се преплетувал ликот на Марко Цепенков, а целосни претстави посветени на големиот  прилепски и македонски творец се „Натемаго“(2006 г.) и „Сонот на Цепенков“  (2013), по спојувањето на Домот на културата и театарот во една институција НУЦК „Марко Цепенков“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Во МНТ вечерва (во среда и четврток) : „Мој термин“ на Синиша Евтимов

Современата комедија „Мој термин“ вечерва, во среда и четврток, од 20. часот, ќе биде изведена …