ИН МЕМОРИАМ: Почина маестро Зоран Џорлев

Почина Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професор. Џорлев, според негови блиски, веќе некое време се лекувал од корона, но, за жал, неговиот организам не успеал да се избори со болеста.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи, каде пријателите почнаа да се простуваат од легендата, ја потврди и неговиот внук Огнен Здравковски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ТРОГАТЕЛЕН АПЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА: „Вашите 100. денари значат живот на нозе за Кристијан!“

Скоро секој ден сме сведоци на трогателни апели од родители за помош во лекувањето на …