Не напушти но ни остави дела за уживање…
Маестро Зоран Џорлев почнал да свири виолина во 1977. година, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989. дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.
Во 2018. година во МОБ го одржа концерот „40. години дружење со виолината“ каде присутните и тв гледачите (концертот го сними МТВ) ги потсети на сите свои делувања.
Ви го донесуваме концертот за да уживате во уметноста на Зоран Џорлев кој не напушти но зад себе остави големи дела…
Фото: Принтскрин/Youtube