(ФОТО) 4. фризури кои ќе ја одбележат 2021. година: Бидете во тренд!

Меѓу наведените опции се и оние кои заговараат драстични промени, како и оние што носат освежувачки изглед
Фризурите се менуваат, а кога пловиме кон 2021 година, доаѓаат нови вибрации кога станува збор за популарните фризури.
Тогаш ќе пристигнат одредени промени, а подолу ви донесуваме предлози за каприциозни фризури кои ќе го освежат вашиот изглед.

Густи шишки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nova Arts Salon (@novaartssalon)

Долгите лесни шишки се едни од најбараните фризури за 2020. година. Но, очигледно, овој тренд ќе биде популарен и во новата година.
Сепак, познатите фризери забележуваат дека таканаречените завеса шишки ќе им отстапат место на густите, богати шишки. Но, заедничко за нив е опуштеноста и фактот дека ние продолжуваме да бегаме од строгите рамни сечења.

Тап боб

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANINE BING (@aninebing)

Правилото за отстапување од строгите рамни резови ги применуваме и кога станува збор за една од најбараните фризури. Се разбира, тоа е краток боб, а познатите фризери истакнуваат дека при изведување на таканаречениот тап боб, целата коса треба да биде со иста должина.

Пикси

Што се однесува до драстичните промени, на списокот е неприкосновена кралица на кратки фризури – пикси. Оваа фризура е наменета за храбри дами кои се подготвени да ризикуваат.

Прамени што го врамуваат лицето

За сите дами кои сакаат долга коса, но сакаат малку да ја освежат, ова е идеална варијанта.
Постепено исечените нишки кои го врамуваат лицето ќе ја донесат посакуваната доза на релаксација и разиграност.
Оние кои се посмели и посклони на експерименти, можат да ги обојат и предните нишки во друга боја.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …